Достапни линкови

Иран ќе набавува нови патнички авиони


Иран постигна договор со авиогигантот Боинг за набавка на 100 авиони за обновување на ирнската цивилна воздухопловна флота. Од вкупно 250 авиони, 230 треба да бидат заменети, изјави шефот на иранското цивилно воздухопловство, Али Абеџадех. Компанијата ќе треба да побара одобрение од владата на САД за да го финализира договорот. Од таму потврдуваат дека пред помалку од една недела имале состанок со иранските авиокомпании кои се заинтересирани за купување на патнички авиони. Најавата за обновата на цивилното воздухопловство доаѓа откако беа укинати санкциите поради постигнатиот договор за нуклеарната програма на Техеран. Од јануари до сега биле водени разговори со три западни производители на авиони.

XS
SM
MD
LG