Достапни линкови

Рестартирана референдумската кампања во Британија


\

\

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека Велика Британија преку референдумот се соочува со „егзистенцијален избор“ истигна до точка од каде што нема враќање назад. Тој во интервјуто за „Сандеј Телеграф “ предупредува од опасностите од прифаќањето на идејата да се напушти Европската Унија на референдумот закажан за 23 јуни. Камерон посочи дека таквиот потег ќе ја врати Британија „назад“ и ќе ја подели наместо да ја обедини.

Претставниците на кампањата за напуштање на ЕУ од конзервативната партија, во медиумите тврдат дека британскиот излез од унијата е животна жанса која не треба да се пропушти, затоа што со ниеа тие ќе можат еднаш за секогаш да го променат британскиот живот.

Во меѓувреме министерот за надворешни работи на Луксембург Жан Аселборн изјави дека британското излегување од Унијата може да предизвика слични потези и од страна на други земји членки во Источна Европа.

По тридневна пауза по убиството на британската пратеничка, кампањата денеска повторно продолжува.

XS
SM
MD
LG