Достапни линкови

logo-print

Бандиќ прв кандидат за премиер на Хрватска


Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ најави дека ќе се кандидира за премиер на Хрватска. Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ вчера соопшти дека во земјата ќе се одржат предвремени парламентарни избори, откако во четвртокот беше отповикан премиерот Тихомир Орешковиќ. Бандиќ најави дека на изборите ќе излезе во одлична форма и ќе се кандидира за претседател на владата. „Очекувам овој циркус колку е можно побрзо да престане и да се одржат избори кон крајот на јули“, истакна Бандиќ. На новинарско прашање зошто му го завртел грбот на лидерот на ХДЗ Томислав Карамарко, тој одговори дека „во политика нема љубов“.

XS
SM
MD
LG