Достапни линкови

Турција ќе произведува носач на авиони


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопшти дека наскоро ќе почне производство на турски носач на авиони. Според него, Турција ќе биде подготвена да гради носач на авиони откако ќе биде готов повеќенаменскиот офанзивен брод-амфибија ТГЦ Анадолија. Флотата на Турција е составена од повеќе од 20 фрегати и корвети, од кои 50 отсто од нив се користени од американската и француската армија. Турската армија има и 13 подморници.

XS
SM
MD
LG