Достапни линкови

Препораки за бремените жени и хронично болните денеска да не работат


Бремените жени и хронично болни луѓе на возраст над 60 години денеска да бидат ослободени од работа препорача министерството за здравство. Оваа препорака важи само за жителите на јужновардарскиот регион кој ги опфаќа градовите Гевгелија, Струмица, Демир Капија, Штип,Радовиш и околните населени места. Во соопштението од министерството е наведено дека препораката е дадена согласно најавата на Управата за хидрометеоролошки работи декатемпературите во овој регион ќе бидат во портокалова фаза додека остатокот од државата ќе се справува со температури од жолат( алертна) фаза.

За граѓаните од целата држава од Министерството потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.

XS
SM
MD
LG