Достапни линкови

Временска прогноза-сончево


Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8. Температурата ќе се движи од 28 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бележат благ пад.

XS
SM
MD
LG