Достапни линкови

Морси е осуден на 25 години затвор


Египетскиот поранешен претседател Мухамед Морси е осуден на 25 години затворска казна за судскиот предмет за шпионажа во кој уште шестмина се осудени од кои двајца новинари на Ал Џезеира се осудени на смртна казна. Морси беше ослободен од Судот на 18 ти за поголемиот дел од обвиненијата за обезбедување на Катар со доверливи документи, но беше осуден за водење на незаконска организација, изјави неговиот адвокат Абдел Монеим Максуд.

Морси исто така беше осуден и за украдени документи поврзани со државна безбедност и за тоа доби дополнителни 15 години казна затвор.

Првиот демократски избран претседател на Египет Морси беше симнат од власт до воен удар во 2013 година, на само една годин по преземањето на функцијата.

Катар беше главниот поддржувач на Морси и неговото движење Муслиманско братство, кога тој беше на власт.

XS
SM
MD
LG