Достапни линкови

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во градоначалнички преписки


ВМРО-ДПМНЕ бара Зоран Заев веднаш да поднесе неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на општина Струмица. Само во тој случај градоначаникот Заев ќе има образ да бара било што од градоначалникот Владимир Талески, истакна пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски денеска на прес-конференција во Битола.

Тој додаде дека Заев лицемерно ги обвинува другите за криминал, а самиот без око да му трепне го игнорира фактот дека е единствен градоначалник кој бил во притвор во Истражниот затвор во Скопје обвинет за криминал тежок 8 милиони евра.

Во меѓувреме речиси сите градоначалници од ВМРО ДПМНЕ денеска јавно застанаа во одбрана на битолксиот градоначалник ВладмирТалески кој е осомничен од Специјалното јавно обвинителство за проневера на државни пари со наплата на неколкукратно поскап превоз на ученици. Во своите говори речиси сите градоначалници зборуваа дека се уверени оти Талески бил чесен човек кој не би ги прекршил законите.

Потпретседателот на СДСМ Александар Кирацовски изјави дека правната држава во Македонија мора да профункционира, а битолскиот градоначалник треба веднаш да поднесе оставка

„ Бараме Битола да не биде заложник на Владимир Талески и затоа тој мора веднаш, од морални причини, да си поднесе неотповиклива оставка. Ги охрабруваме сите, посебно чесните членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, да не си го валкаат образот за криминалци“ изјави Кирацоски .

XS
SM
MD
LG