Достапни линкови

Штајнмаер го критикува НАТО


Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер ги критикуваше воените вежби на НАТО во Источна Европа толкувајќи ги како „потпомагање на војна“. Она што ние треба денеска да го избегнеме е разгорување и влошување на состојбите со потпомагање на војната и газење цврсто со војнички чизми“ изјави за германскиот весник Билд министерот Штајнмаер. Во интервјуто посочи дека е греша да се мисли дека се зголемува безбедноста во алијансата со симболични паради на тенкови во близина на источната граница.

НАТО пред една недела соопшти дека ќе распореди нови батаљони на Естонија, Латвија, Литаванија и Полска за да ги смири стравувањата од руската агресија поврзана со московскиот договор за кримскиот регион од 2014 година.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг неодамна изјави дека Русија се обидува да создаде зона на влијание преку „воени средства“ и дека Русија е во процес на „масовна милитаризација“ по должнина на границата со земјите од воената алијанса.

Русија пак од друга страна, се спротивставува на проширувањето на НАТО кон поранешните советски републики, и најави дека ќе реагира на секој чекор на алијансата кој ќе води кон зголемување на воениот имот во близина на риските границии.

XS
SM
MD
LG