Достапни линкови

logo-print

Путин: Сириски опозициски членови треба да влезат во владата


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека очекува САД да поработи своите сојузници кон охрабрување на сириската опозиција кон конструктивен дијалог со владата во Дамаск. Тој на меѓународниот економски совет во Санкт Петерсбург истакна дека мора да се размислува за вкулување на сириските преставници на опозицијата во активната сиријска владејачка структура. Путин смета дека создавањето на нова влада ќе им влее доверба на граѓаните на Сирија и дека тоа е начин да се стави крај на петгодишниот воен конфликт во земјата. Тој во својот говор додаде дека тоа може да се постигне само преку изготвување на нов устав и одржување на избори. Путин изјави дека сирискиот претседател Башар Ал Асад ветил дека ќе помогне во тоа.

XS
SM
MD
LG