Достапни линкови

Италија сака подобри економски односи со Русија


Италијанскиот премиер Матео Ренци вчера изјави дека Италија сака да ја зајакне економската соработка со Русија и изрази надеж дека односите меѓу Русија и ЕУ ќе се подобрат. Тој во своето обраќање на меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург изјави дека исполнувањето на мировниот договор од МИнск за источниот дел од Украина е од суштинско значење за укинување на санкциите против Русија. Ренци посочи дека условите од договорот треба да бидат испочитувани од сите инволвирани страни.

ЕУ, САД и останатите неколку држави воведоа санкицц против Москва по руската подршка за сепаратистите во источниот дел на Украина во 2014. По средбата на Ренци и рускиот претседател Владимир Путин на маргините на форумот, руските и италијанските компании потпишаа договори во вредност од 1,3 милијарди евра.

XS
SM
MD
LG