Достапни линкови

logo-print

Руските ателтичари нема да настапуваат во Рио


Русија ги осуди како нефер одлуките на Светската атлетска федерација со кои не се укинува суспензијата за руските атлетичари поради допинг скандалот. На руските атлетичари им е забрането да настапуваат на меѓународните натпреварувања меѓу кои и Олимписките игри во Рио де Женеиро во август годинава.

Забраната првенствено беше изречена во ноември минатата година откако Светската антидопинг агенција откри системски допинг на руските атлетичари финасиран и подржан од државата.

Федерацијата вчера се приклучи кон оваа забрана истакнувајќи дека Русија одтогаш постигнала добар напредок, но не успеала да ги исполни условите. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека оваа федерација изрекува „колективна казна“ која ги повреди атлетичарите, но додаде дека за можно е да се изнајде решение за ваквата состојба.

Министерството за спорт во реакцијата истакна дека со оваа одлука се казнуваат и им се уништуваат соновите на „чистите спортисти“ порадо неправилно однесување на одредени спортисти.

XS
SM
MD
LG