Достапни линкови

Турски медиуми казнети поради објавени скандирања против Ердоган


Високиот совет за радио и телевизија во Турција казни седум приватни телевизии поради емитување во живо на седница на парламентарната група на главната опозициска Народнорепубликанска партија, на која наводно пратениците скандирале пароли против претседателот Реџеп Тајип Ердоган, пишуваат турските медиуми. Казнети се телевизиските канали СиЕнЕн-Турк, НТВ, Хабертурк, Халк ТВ, Улусал, Бенгутурк и Џан Ерзинџан поради навреди кон шефот на државата. Навредите кон претседателот Ердоган се оценуваат како кривично дело според кое за лице, кое го навредува претседателот може да му се одредни казна затвор од една до четири години а казната ќе биде поголема за една шестина доколку навредата е извршена јавно, а со една третина доколу таа е упатена преку медиуми.

XS
SM
MD
LG