Достапни линкови

Русија ги предупреди САД за менувањето на режимот во Сирија


Рускиот претседател Владимир Путин ги предупреди САД против бомбардирање на сириските владини сили, велејќи дека смената на режимот во земјата „може да го фрли регионот во тотален хаос.“

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ги даде коментарите запрашан за внатрешниот меморандум во кој десетици дипломати на Стејт Департментот повикуваат на воздушни напади против силите на Асад.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков рече дека повикувањето на воена акција против Асад не може да не предизивка загриженост кај секој разумен човек.

„Кој ќе ја сноси одговорноста за тоа, праша тој. Или би требало да видиме иста насмевка во холивуски стил како што веќе се случи во Авганистан, Ирак и Либија?“

Русија во септември ја започна воената кампања во Сирија, помагајќи им на силите на Асад да го повратат теренот против бунтовниците.

XS
SM
MD
LG