Достапни линкови

Продолжена мисијата на Еулекс на Косово


Косовскиот Парламент го продолжи мандатот на мисијата на Еулекс, со 84 гласови „за“, шест против и еден воздржан, пратениците ја усвија одлуката на косовската Влада мисијата во Косово да делува уште две години.

„Мнозинството пратеници во своите дискусии и оние кои беа за продолжување на мандатот и оние против изнесоа оценка дека мисијата на Еулекс во изминатиот период не одговорила на поставената задача и побараа да ја исполни мисијата за која доаѓа во Косово“, пренесуваат косовските медиуми.

XS
SM
MD
LG