Достапни линкови

Русија подготвена за подобрување на односите со ЕУ


Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата земја е подготвена да ги подобри односите со Европа, но инсистираше на тоа дека Западот е одговорен за затегнатите односи.

„Ние сме подготвени да допреме до нашите европски партнери, но очигледно оти играта не може да биде еднострана“, рече Путин денеска на економската конференција во Санкт Петербург.

Сепак тој инсистираше дека санкциите на ЕУ, коишто беа воведени како одговор на мешањето на Москва во Украина, довеле до сегашниот колапс на односите.

Путин ја повика ЕУ да покаже флексибилност и да ги земе во предвид интересите на европските инвеститори коишто сакаат да прават бизнис во Русија.

Европските бизнис лидери по две години пауза учествуаа на економскиот форум во Санкт Петербург.

XS
SM
MD
LG