Достапни линкови

Руските навивачи соочени со високи казни за тепачката во Келн


Шесте руски фудбалски навивачи, кои беа уапсени во Германија за наводно претепување на тројца шпански туристи во градот Келн, се соочуваат со казна до десет години затвор, соопшти денеска руската амбасада во Берлин.

Порпаролот на амбасадата Сергеј Белјаев рече дека навивачите се обвинети за нанесување на телесни повреди, непочитување на полицијата и нарушување на јавен ред и мир.

Германската полиција соопшти дека двајца од Шпанците биле сериозно повредени во нападот пред катедралата во Келн.

Русите се враќале во Москва од Европското првенство во Франција.

XS
SM
MD
LG