Достапни линкови

ЕУ ги продолжи санкциите против Крим


Европската унија се согласи да ги продолжи инвестициските забрани и другите економски санкции на украинскиот Полуостров Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година.

Пакетот санкции на ЕУ против Крим вклучува забрана за увоз на стока со потекло од Крим, освен ако има украински сертификат; забрана за извоз на полуостровот на производи и услуги поврзани со транспортот, телекомуникациите и во енергетскиот сектор, вклучително истражување на нафта, гас и минерални ресурси.

На компаниите на ЕУ им се забранува и да инвестираат во Крим или да финансираат кримски компании.

Исто така се забранува, бродови во сопственост или контролирани од европски компании или носат знаме на ЕУ, да се вкотват на кримските пристаништа, вклучително во Севастопол.

Забраната прв пат беше воведена кога Русија го анектираше Полуостровот пред две години и секоја година се продолжуваат од страна на сите 28 членки на унијата.

XS
SM
MD
LG