Достапни линкови

Ирачките сили го заземаа центарот на Фалуџа


Ирачките сили ја заземаа главната зграда на Владата во Фалуџа во нивниот обид за ослободување на градот од милитинатите на групата на Исламската држава (ИД).

Командантот на ирачките специјални сили Хаидар ал – Обеиди за АП изјави дека неговите трупи денеска влегле во центарот на градот по интензивни борби со милитантите на ИД и со поддршка ан воздушните напади на колацијата предводена од САД и ирачките воздухопловни сили.

Напредокот е голем чекор за ирачките сили во нивната едномесечна операција за заземање на Фалуџа, којшто од средината на 2014 година е под контрола на ИД, кога милитантната група презеде големи делови северен и западен Ирак.

Обеиди истакна дека ирачките сили веднаш започнале со расчистување на бомбите поставени покрај патиштата во близина на владиниот комплекс во градот.

Ирачките власти велат дека борците на ИД се прераспоредени во западниот дел на Фалуџа.

Од почетокот на операцијата минатиот месец, десетици илјади цивили беа принудени да ги напуштат своите домови.

XS
SM
MD
LG