Достапни линкови

Над 50 дипломати на САД бараат воздушни напади во Сирија


Повеќе од 50 дипломати на американскиот Стејт Департмент потпишаа внатрешен меморандум во кој доста остро ја критикуваат актуелната политика на САД кон Сирија и повикуваат на итно започнување на воздушни напади врз Владата на сирискиот претседател Башар ал – Асад, како што се наведува поради неговото „постојано прекршување на прекинот на огнот.“

Меморандумот го потпишаа вкупно 51 американски дипломат од среден до висок ранг. Нивните имиња засега не се познати, а информацијата прв ја објави американскиот весник The Wall Street Journal.

Во текстот се повикува на „насочени воени напади“ против сириската Влада поради скоро целосниот распад на примирјето коешто стапи на сила оваа година.

XS
SM
MD
LG