Достапни линкови

Обама повика на построги закони за контрола на оружјето


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека тероризмот мора да биде совладан дома и во странтво, наведувајќи дека американските политичари им го олесниле пристапот на луѓето да купуваат моќно оружје. Обама говореше во Орландо, Флорида по средбата со преживеаните од масакрот во геј клубот во кој загинаа 49 луѓе. Напаѓачот Омар Метин за време на масакрот на 11 јуни изразил лојалност спрема милитантите на Исламската држава. Нападот, извршен со полуавтоматска пушка, ги интензивира барањата за построги закони за купување и поседување оружје. „За жал нашите политичари им олеснија на можни терористи или вознемирени индивидуалци да купуваат моќно оружје“, рече Обама.

XS
SM
MD
LG