Достапни линкови

logo-print

ВМРО-ДПМНЕ: Преговорите прекинати поради несогласувања за медиумите


Преговорите се прекинати единствено поради несогласувањето на СДСМ во делот на медиумите да се гарантира дека нема да се воведува цензура, истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакција на денешната прес-конференција на Петре Шилегов од СДСМ на која обвини дека преговорите се прекинати поради ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ денеска предложи експлицитно да се поддржи ставот дека ниту новинар, ниту медиум нема да може да биде казнет за искажан став или мислење. Став кој е основен постулат и основен принцип во кодексот на новинарите каде слободата на медиумите е неприкосновено право. Во 21 век во Европа СДСМ е единствената политичка партија која се противи на овие принципи“, се нагласува во реакцијата.

Ниедна лага и манипулација на Петре Шилегов, се додава, нема да го оттргне срамот од СДСМ кој беше извлечен на чистина и практично покажа дека нивната крајна намера е воведување на цензорска контрола врз медиумите.

XS
SM
MD
LG