Достапни линкови

Трет ден расправа во Собранието за импичмент на Иванов


Пратениците трет ден расправаат по предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, поднесена од пратениците од опозицијата.

Според мнозинството, таа е уставна и согласно законите, а според опозицијата не е и бараат оставка од претседателот.

Хари Локвенец од СДСМ побара оставка од претседателот Ѓорге Иванов.

„Ја покренавме оваа иницијатива во моменти на огромни граѓански протести и криза која го достигна својот зенит. Повод е неуставната, незаконската и најважно неетичката аболиција која Иванов ја донесе на 12 април, рече Локвенец, според кој единствената цел на одлуките била да се направи пролонгирање и кочење на процесите.

Драган Данев истакна дека при носењето на одлуката најважен бил државниот интерес, додека според Благоја Деспотовски нормална е реакцијата на претседателот со ваква одлука кога има сознанија дека е загрозена безбедноста.

Пратениците расправата за одговорноста на претседателот Ѓорге Иванов ја почнаа во понеделникот, а минатата недела собраниска Комисија ја оценуваше основаноста на предлогот поднесен од пратениците на СДСМ и коалицијата, а поддржан од пратениците на ДУИ.

За донесување одлука за почнување постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот треба да гласаат најмалку 82 пратеници во Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG