Достапни линкови

Во понеделник масовен протест на „Шарената револуција“


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

„Шарената револуција“ за понеделник најави масовен протест пред Специјалното јавно обвинителство во Скопје. Во најавата на социјалните мрежи се вели дека на власта не ги слуша нивните барања и оти не биле исполнети нивните ултимативни барања.

„Специјалното јавно обвинителство е првата светлост во оваа правна темнина во која живееме, а власта го кочеше уште пред да биде формирано. После денешната одлука на Уставниот суд да не го стави СЈО на дневен ред ниту за следната своја седница, очигледно е дека Груевски и неговите соработници се обидуваат да го укинат СЈО кога најмалку ќе очекуваме.“

„Нашите ултимативни барања не беа исполнети. Тврдина на правдата, која граѓаните силно ја поддржуваат изминативе два месеца, сега е под сериозна закана. Груевски се плаши од затворот што го чека! Како граѓани имаме обврска да го спасиме СЈО од прангите на криминалците на власт.“

XS
SM
MD
LG