Достапни линкови

Белорусија тестираше нов ракетен систем


Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко вели дека неговоата земја успешно тестирала нов ракетен систем. На денешниот состанок во Минск со премиерот Андреј Кобјаков и шефот на Народната Банка, Павел Калаур, Лукашенко рече дека белоруските воени експерти успеале да создадат нов ракетен систем со многу ограничени финансиски ресурси.

Лукашенко рече дека бил спроведен тест со лансирање на проектилите и оти првиот проектил завршил на еден и пол метар од целта. Тој додаде дека резултатите од тестовите биле идеални и оти ракетните системи биле направени во Белорусија во двегодишен период.

XS
SM
MD
LG