Достапни линкови

logo-print

За младите во селските средини најголеми проблеми се барањето работа и образованието.

Младите од Североисточниот плански регион Куманово,Крива Паланка и Кратово кој во однос на останатите според истражувањата е најнеразвиен во државава, најчесто се запоставени, немотивирани, недоверливи на почеток, но потоа добри за соработка, вели Александра Тасиќ од Центарот за рурален развој„Бујрум“ од Куманово. Тоа било и предизвик оваа невладина да се вклучи во проектот „ Граѓанско учество во руралните средини“ што го спроведува „Норгес вел“ од Крива Паланка во партнерство со други организации и со поддршка на УСАИД - Проектот за граѓанско општество и „Гласот на селото“. „Бујрум“,според Тасиќ се занимава исклучиво со младите од руралните средини на кои им се неопходни знаења,вештини и обуки за разграничување на надлежностите на локалната и централната власт,комуникацијата, човековите права,екологијата.

РСЕ: Какви се за соработка младите од руралните средини од овој плански регион?

„Не можам да кажам дека е многу лесно, особено што ваквите проекти не се секојдневие за нив и не се тематика која е многу позната,затоа треба повеќе енергија за да се добие нивната доверба. Главните проблеми се резултат на неразвиеноста на руралните средини. За било какви активности на пример, немаат градски превоз во секое време, немаат развиено инфраструктура, едукација, забава. Поголемиот дел од нив немаат можности за повисоко образование, поради што и тешко се вработуваат. Со овие обуки барем да помогнеме на нивната едукација за полесно вработување и снаоѓање во животот.“

Во селата во овој плански регион и бројот на младите не е голем. На поголем дел од оние што не можеле да заминат целта е ваквите проекти да им помогнат, можеби и да ги поттикнат да останат во своите средини, иако сите би ги напуштиле селата во кои првенственонемаат ниту основни услови за живот.

Голем број млади мигрираат од руралните средини, дали во градовите или пак надвор од државава, што е актуелно и во урбаните средини. Но дел од младите не можат да мигрираат бидејќи фамилиите им се во селата, па не се одлучуваат така лесно.

„Голем број млади мигрираат од руралните средини, дали во градовите или пак надвор од државава, што е актуелно и во урбаните средини. Но дел од младите не можат да мигрираат бидејќи фамилиите им се во селата, па не се одлучуваат така лесно. Ние постоиме за оние кои што остануваат.“

Средношколките Марија Величковиќ и Ангела Димитриевска се дел од учесниците во овој проект. Тие велат дека она што го научиле на работилниците не можат да го научат ниту дома, ниту на школо. Стекнатото знаење ќе го применуваат во секојдневието, полесно ќе се снаоѓаат во иднина, но ќе можат и да им пренесуваат на нивните врсници.

„Најинтересна ми беше темата за комуникација или за екологија.“

„Најповеќе ми беше интересна темата за човековите права, за што не знаев многу. Исто така и комуникација, за екологијата.“

Александра Тасиќ вели дека во текот на проектот биле вклучени стотина млади од руралните средини и исто толку средношколци. Таа очекува на завршната конференција бројката да биде уште поголема, со што пак ќе им се укаже на младите од овие села дека не се сосема заборавени и запоставени.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG