Достапни линкови

Француската полиција уапсила 323 лица од почетокот на Еуро 2016


Француската полиција уапсила вкупно 323 лица од почетокот Европското првенство во фудбал поради насилства, кражби и оштетување имот, соопшти МВР на Франција.

„Од 323 уапсени луѓе дури 196 се во полициски притвор, осуммина заработиле затворска казна додека 24 се депортирани, се вели во соопштението.

Франција ја зафати бран тепачки и немири на хилигани во кој учествуваа навивачи од Англија, Русија, Германија, Украина, Словачка...

Се почна со голема тепачка меѓу Руси и Англичани во Марсеј како и на стадионот Велодром за време на двете селекции, потоа Германци нападнаа Украинци во Лил, а во истиот град се судрија навивачи Руси и Словаци. Покрај тоа, домашни навивачи се пресметуваа со Турци и Ирци.

XS
SM
MD
LG