Достапни линкови

logo-print

Во Санкт Петерсбург именуван мост по чеченскиот лидер Кадиров


Властите во вториот најголем руски град Санкт Петербург именуваа мост по покојниот чеченски претседател Ахмад Кадиров.

Градските власти денекса соопштија дека одлуката го истакнува почитувањето на руската историја и оти не ја нарушува традицијата на градот.

Комисијата која предлага имиња на јавните места во Санкт Петербург во мај ја предложи оваа идеја.

Многумина од жителите на градот протестираа против идејата и на онлајн петиција собраа околу 70 илјади потписи.

На 6 јуни околу 1.000 демонстранти се собраа во центарот на градот велејќи дека Кадиров нема никаква поврзаност со градот, којшто од 1732 до 1918 година беше главен град на царска Русија.

Ахмад Кадиров загина во бомбашки напад на стадион во 2004 година.

XS
SM
MD
LG