Достапни линкови

Продолжуваат нередите на ЕП во Франција


Архивска фотографија

Архивска фотографија

Вкупно 36 лица се уапсени по синоќешните улични судири во францускиот град Лил меѓу полицијата и англиските навивачи, во пресрет на денешниот натпревар меѓу репрезентациите на Англија и Велс на Еуро 2016 во соседниот град Ленс.

Француската полиција употреби солзавец и водени топови за да воспостави ред на улиците во центарот на Лил, каде освен Англичани и Велшани биле собрани и навивачки групи од Словачка и Русија, чии репрезентации вчера попладне играа на стадионот во овој град.

Во соопштението на полицијата се вели дека сите уапсени се обвнети за нарушување на јавниот ред и мир. Шеснаесет лица се префрлени на лекување во болница.

УЕФА веќе ја предупреди англиската Фудбалска асоцијација (ФА) дека репрезентавијата на Англија ќе биде дисквалифкувана од ЕУРО 2016„ доколку навивачите продолжат со дивеењето по улиците.

Русија е казнета со 160 илјади евра и со условна дисквалификациа од Европското првенство по нападот на руските навивачи врз Англичаните во Марсеј.

Шестмина англиски навивачи на возарст од 20 до 41 година, добија затворски казни од еден до три месеци во врска со тепачката со руските навивачи во саботата.

Во меѓувреме, руското Министерство за надворешни работи го повика францускот амбасадор во Москва и му вложи протест за однесувањето на полицијата во Франција, за која се вели дека ги пречекорува овластувањата, обвинувајќи ја за „антируско однесување“.

Префектот на францускиот регион Норд-Па-де-Кале, на кој му припаѓаат Лил и Ленс, изјави дека во центарот на Лил и на стадионот во овој град, е воведена забрана за продавање, точење и пиење алкохол.

XS
SM
MD
LG