Достапни линкови

Средби на Путин со Јункер и Бан Ки Мун


Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе се сретне со претседателот на Европската Комисија Жан-Клод Јункер на Меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург. Се очекува теми на разговор да бидат односите меѓу Русија и ЕУ, анти-руските санкции и руските противмерки, како и мигрантската криза, соопшти претставник на Кремљ. Путин и Јункер може да разговараат и за меѓународни прашања, како што се „закочените“ мировни разговори за завршување на конфликтите во Сирија и Украина, како и за енергетски теми.

По средбата со Јункер, Путин ќе разговара и со Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за борбата против тероризмот, ситуацијата во Сирија и за украинската криза.

XS
SM
MD
LG