Достапни линкови

НАТО и Русија ги „мерат“ силите на истокот на Европа


НАТО и Русија со нови сили во Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

НАТО и Русија со нови сили на во Европа

НАТО на министерскиот состанок во Брисел деновиве постигна согласност за распоредување нови сили во трите балтички земји и Полска. Тоа е последен од серијата чекори за одвраќање од можните руски потези во тој регион. Во истовреме, Москва ја почна проверката на готовноста на нејзините сили.

Рускиот претседател Владимир Путин наредил брза проверка на борбената готовност на вооружените сили откако Британија, Германија и Соединетите држави соопштија дека ќе ги предводат новите единици на НАТО на границата со Русија од наредната година.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека станува збор за воена вежба која ќе трае до 22 јуни.

Цел на вежбата, како што рече, е да се провери способноста на војската да „изврши планирани активности, вклучувајќи и мобилизација“.

Руските вооружени сили започнаа и проверки на оружјето и на депоата каде што тоа е сместено.

Трите најголеми воени сили во Алијансата соопштија дека секоја од нив ќе командува баталјон на источното крило на Алијансата со цел одвраќање на Русија.

Алијансата се надева дека комплексниот план може да ја обесхрабри Русија од организирање кампањи слична на онаа што ја искористи за анектирање на полуостровот Крим од Украина во февруари 2014 година.

Овие нови баталјони од четири илјади војници се дел од една поширока операција која треба да биде одобрена на самитот во Варшава на 8 јули.

Иако источните сојузници го поздравија распоредување на баталјоните од британски, американски, германски и можеби канадски војници, што е најголемо распоредување НАТО сили во Европа од крајот на Студената војна, тие сепак побараа поголема поддршка во одбраната од можните руски потези.

Инаку, операцијата ќе вклучува трупи на ротација, складирање опрема и помобилни сили поддржани од 40 илјади припадници на единицата за брзо реакција на НАТО.

Алијансата се надева дека комплексниот план може да ја обесхрабри Русија од организирање кампањи слична на онаа што ја искористи за анектирање на полуостровот Крим од Украина во февруари 2014 година.

Тоа ја зголеми нервозата кај источно европските сојузници во НАТОкои своеврмено беа под капата на Москва. Русија оцени дека ваквите планови на НАТО се непријателски.

Претставникот на Москва во Алијансата предупреди дека тие претставуваат закана за мирот во централна Европа.

Кремљ исто така смета дека американскиот антиракетен систем во Европа за кој Вашингтон вели дека е насочен за заштита на Алијансата од Иран, исто така, претставува ескалацијата на тензиите.

Соединетите држави го негираа тоа, додека НАТО соопшти дека го почитува договорот со Москва од 1997 година да не распоредува значителни борбени сили на границите со Русија.

Министерството за одбрана на Русија во средата го обвини НАТО за разгорување на антируска хистерија пред самитот на Алијансата во наредниот месец и ги отфрли критиките дека со ненајевната вежба за тестирање на борбената готовност на руската армија била нарушена стабилноста во Европа.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG