Достапни линкови

Косовски граѓанин призна дека хакирал за ИД


Косовски граѓанин се изјасни за виновен по обвиненијата дека хакирал податоци на американски војници од името на џихадистичката група Исламска држава. На рочиштето во федералниот суд во Александрија, Вирџинија, дваесет годишниот Ардит Феризи изјави пред судијата дека се уште не знае зошто го извршил делото. Тој се изјасни за виновен по обвиненијата дека обезбедил материјали за поддршка на ИД. Феризи може да биде осуден на 25 години казна затвор. Тој призна дека минатата година хакирал компјутери на приватна фирма и податоците ги доставил до ИД, вклучувајќи имиња, шифри за мејлови и телефонски броеви на повеќе од 1.300 американски војници.

XS
SM
MD
LG