Достапни линкови

logo-print

Миноски избран за нов министер за финансии


Собранието на Република Македонија попладнево со 67 гласови „за“ и 19 „против“ го избра Кирил Миноски за нов министер за финансии. Тој даде и потпиша свечена изјава. Премиерот Емил Димитриев го предложи Миноски на местото министер за финансии по оставката од здравствени причини на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Собранието со 63 гласа „за“ и 19 „против“ го избра и Илија Исајловски за нов заменик министер за надворешни работи којшто доаѓа на местото на Драгана Кипријановска.

XS
SM
MD
LG