Достапни линкови

Кери: Русија и Асад да го почитуваат договорот за прекин на огнот


Државниот секретар на САД, Џон Кери ја повика Русија и режимот на сирискиот претседател Башар ал – Асад да го почитуваат нестабилниот договор за прекин на огнот, предупредувајќи оти трпението на Вашингтон истекува.

„Русија мора да разбере дека нашето трпение не е бесконечно, всушност е многу ограничено со тоа дали Асад ќе биде повикан на одговорност или не“, рече Кери по средбата во Осло со ирнскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф.

„Исто така семе подготвени да повикаме на одговорност и членови на опозицијата коишто биле инволвирани во насилство“, рече Кери.

Кери инсистираше на потребата од вистинско прекинување на непријателствата во Сирија за да се овозможи испорака на хуманитарна помош и да се направи пат за разговори за транзиција.

Иран и Русија се главни дипломатски и воени сојузници на Асад.

XS
SM
MD
LG