Достапни линкови

Тензии на границата меѓу Авганистан и Пакистан


Тензиите и натаму се високи на границата меѓу Авганистан и Пакистан, откако загина мајор на пакистанската армија којшто беше повреден во вчерашниот прекуграничн судир.

Смртта на мајорот Али Џавад Чангези е вкупно петти случај, втор во Пакистан од артилериската размена на преминот Торкхам. Во судирите исто така загинаа тројца авганистански војници. На двете страни има вкупно 18 повредени.

Пакистан и Авганистан меѓусебно се обвинуваат за насилство, при што беше затворен Торкхам. Авганистан не ја признава моменталната граница како меѓународна граница и го осуди потегот на Пакистан да аизгради жичана ограда.

Пакистан смета дека потребна е поголема безбедност за да се спречи илегалното преминување.

Двете страни ги зајакнуваат границите со зголеме нброј на војници.

XS
SM
MD
LG