Достапни линкови

Кривичниот суд го отфрли предлогот за притвор на началникот Грујовски


Кривичниот суд го отфрли предлогот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за одредување на мерка притвор за началникот на Петтата управа Горан Грујовски, ниту мерки за претпазливост за останатите четворица во случајот „Тврдина“, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

„Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 - Скопје постапувајќи по предлози за определување мерка притвор против лицето Г.Г. и мерки за претпазливост против лицата Т.Ј., Г.Ј., Н.Б. и В.С. поднесени од Специјалното јавно обвинителство, откако беше побарано дополнување на предлогот што беше доставено и јавно објавено од страна на СЈО, донесе решенија со кои ги отфрли предлозите на обвинителството“, се вели во денешното соопштение од Кривичниот суд.

Странките во постапката, како што се додава во соопштението, имаат право на жалба на решенијата на судијата на претходна постапка до Кривичниот совет во рок од 24 часа по приемот на одлуката.

XS
SM
MD
LG