Достапни линкови

Воен командант на САД на разговори со лидерот на Таџикистан


Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон на состанокот со генералот на САД, Џозеф Вотел изјави дека Душанбе смета на безбедносната соработка со Соединетите држави како клучен елемент за зајакнувањето на регионалниот мир и стабилност.

Претседателската прес – служба на Рахмон соопшти дека Вотел високо ја оценил улогата на Таџикистан во антитерористичките напори и истакнал дека понатамошното развивање на соработката меѓу САД и Таџикистан ќе придонесе за безбедноста по должината на границата со Авганистан.

Вотел дојде во Таџикистан од Узбекистан, каде одржа разговори со узбекистанскиот претседател Ислам Каримов.

XS
SM
MD
LG