Достапни линкови

Спасени 200 мигранти на Средоземното Море


Илустрација.

Илустрација.

Холандски брод во граничната агенција на ЕУ, Фронтекс спаси околу 200 мигранти од брод кој тонел на Средоземното Море, соопшти денеска Министерството за одбрана, пренесува Ројтерс.

Меѓу мигрантите имало 16 деца и две бремени жени. Холандскиот брод одговорил на сигналот на бродот кој бил на работ на превртување. На мигрантите им било дадено храна и вода и медицинска помош.

Холандија учествува во Фронтекс со брод, авион и маринци, како одговор на исклучително големиот број на мигранти кои пристигнуваат во јужна Европа.

Во периодот од 1 јануари до 5 јуни се регистрирани повеќе од 2.800 смртни случаи на Медитеранот, најмногу на рутата од северна Африка.

XS
SM
MD
LG