Достапни линкови

Собранието ја констатираше оставката на Ставрески


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Собранието на Македонија денеска ја констатираше оставката на вицепремиерот и министер за финасии Зоран Ставрески на почетокот на 106-та седница.

На седницата на дневен ред ќе биде изборот на нови членови на Владата: Кирил Миноски, за министер за финансии и Илија Исајловски, за заменик-министер за надворешни работи откако вчера беше најавена смена на актулената заменик-министерка за надворешни работи Драгана Кипријановска.

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера поднесе оставка поради здравствени причини.

XS
SM
MD
LG