Достапни линкови

Милитантите на ИД убија висок ирачки командант


Официјален Багдад соопштува дека милитантите на групата на Исламската држава (ИД) убиле висок ирачки командант во близина на градот Мосул, којшто е под нивна контрола.

Ирачкото Министерство за одбрана информира дека бригадирот Ахмад Бадр ал – Лухаиби бил убиен од снајпер за време на операција за преземање на село во близина на Мосул.

Ирачкиот втор најголем град Мосул падна во рацете на ИД во јуни 2014 година, кога екстремистичката група зазема големи делови од северниот и источниот дел на Ирак, како и во источна Сирија.

Ирачките војници помогнати од страна на курдските сили Пешмерга и воздушните напади на коалицијата предводена од САД, се борат против силите на ИД во близина на Мосул во обид да го опкружат градот пред да ја преземат контролата.

Ирачкиот премиер Хаидар ал – Абади неколку пати вети дека Мосул ќе биде повратен до крајот на годината.

Борбите против ИД во Ирак се причина околу 3.3 милиони луѓе принудно да ги напуштат своите домови.

XS
SM
MD
LG