Достапни линкови

logo-print

Собранието треба да ја констатира оставката на Ставревски


Денеска се очекува Собранието на Република Македонија да расправа и да ја констатира оставката на министерот за финансии Зоран Ставревски, по што ќе биде именуван новиот министер актуелниот директор на Управата за јавни приходи Кирил Миновски по предлог на премиерот Емил Димитриев.

Зоран Ставрески поднесе оставка од функцијата вицепремиер и министер за финансии во Владата на Република Македонија поради здравствени причини.

Тој е дел од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ од 2006-та година на позицијата потпретседател задолжен за економски прашања, а од 2009-та година и на позицијата министер за финансии.

XS
SM
MD
LG