Достапни линкови

ОН одобри акции против шверцерите на либискиот брег


Советот за безбедност на Обединетите нации одобри акции против шверцерите на оружје во близина на брегот на Либија, со што и дозволи на Европската унија да врши контрола на бродовите и чамците и да конфискува илегално оружје. Советот претходно ја одобри операцијата „Софија“ на ЕУ чија цел се бродови на шверцерите на луше во Средоземно море. Брисел потоа предложи проширување на операцијата. Пратеникот на Обедиентите нации во Либија Мартин Коблер изјави дека во таа земја со шест милиони жители имало над 20 милиони парчиња оружје. „Ова оружје не паѓа од небото, туку преку илегални пратки од море и копно“, рече тој.

XS
SM
MD
LG