Достапни линкови

НАТО вклучи информатички операции во воениот арсенал


НАТО реши информатичките операции да станат дел од неговите воени средства, покрај воздухопловните, поморските и копнените. На состанокот во Брисел е донесена одлука да се зацврсти и одбрната на компјутерските мрежи на Алијансата. Генералниот секретар Јенс столтенберг изјави дека одлуката за тоа кибернетичките операции и формално да се сметаат за воена дејност, не била насочена против ниту една земја. Агенцијата Асошитед прес јавува дека оваа одлука била подготвувана подолго време поради растечката напнатост со Русија која покажувала намера да покренува компјутерски напади врз други земји.

XS
SM
MD
LG