Достапни линкови

СЗО: многу низок ризик за ширење на вирусот зика


Светската здравствена организација соопшти дека бил многу низок ризикот Олимпијадата во Рио де Жанеиро да го забрза ширењето на вирисот зика во светот. По консултациите со експертите за ова заболување, СЗО го повтори претходниот совет дека само бремените жени не би требало да бидат присутни за време на одржувањето на Олимписките игри од 5 до 21 август во Бразил, епицентарот на вирусот зика. Во повеќето случаи овој вирус предизвикува само зголемена телесна температура. Во другите пак може да доведе до сериозни дефекти при породувањето и да предизвика ретки синдроми кои можат да доведат до привремена парализа и смрт.

XS
SM
MD
LG