Достапни линкови

Утре продолжува собраниската расправа за импичмент на Иванов


Собранието на Македонија во рамки на 105-та седница денеска втор ден расправаше за предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, поднесена од пратениците од опозицијата.

Пратениците од власта го повторија ставот дека претседателот Иванов со дадената аболиција не го прекршил Уставот и законите на државата и има најголема доверба од граѓаните.

Пратениците од опозицијата во текот на расправата побараа правна, законска и политичка одговорност на Иванов за неговите постапки.

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски за утре во 12 часот најави одржување на 106. седница. По нејзиното завршување пратениците ќе ја продолжат расправата по 105. седница.

XS
SM
MD
LG