Достапни линкови

Истече мандатот на ЕУЛЕКС во Косово


Мандатот на ЕУЛЕКС во Косово официјално истекува на 14 јуни, а косовската Влада соопшти дека на вчерашната седница го изменила нацрт законот за продолжување на мисијата.

Одлуката сега треба да биде усвоена во Парламентот.

„Ние продолжуваме да работиме со косовските власти со цел да завршат сите подготовки за обновување на мандатот на ЕУЛЕКС“, рече портпаролот на мисијата на ЕУ во Косово, Динка Зиваљ.

ЕУЛЕКС е формирана во 2008 година со цел да помогне во развојот на правниот систем на Косово и соочувањето со организираниот криминал, корупцијата и воените злосторства.

XS
SM
MD
LG