Достапни линкови

Ердоган во писмо до Путин изрази нaдеж за подобри односи меѓу двете земји


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган испрати писмото до рускиот претседател Владимир Путин, во кое му го честита Денот на Русија, при тоа изразувајќи надеж дека ќе се подобрат односите меѓу двете земји.

Тоа е првиот контакт меѓу Ердоган и Путин во изминатите неколку месеци, откако односите меѓу Турција и Русија се влошија кога турската армија собори руски авион на границата со Сирија, во ноември минатата година.

Тензиите дополнително се зголемија по руското учество во војната во Сирија. Неименуван турски претставник изјави дека Ердоган во писмото посочил дека сака односите „да бидат унапредени на ниво на кое го заслужуваат двете држави“.

XS
SM
MD
LG