Достапни линкови

НАТО планира да распореди трупи во Романија


НАТО планира да распореди мултинационална бригада во Романија, освен четирите баталјони на Алијансата во балтичките земји и Полска, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој пристигна на средба на министрите за одбрана на земјите-членки на Алијансата, јави ДПА.

„Планираме да донесеме одлука за проширување на нашето воено присуство во регионот на Црното Море. Веќе го зајакнавме своето воздушно патролирање и вежбите и го разгледавме создавањето во Романија на штабни структури за распоредување на мултинационална бригада на Алијансата, додаде тој.

Конечната одлука за тоа прашање се очекува на самито на НАТО во Варшава на 8 и 9 јули.

XS
SM
MD
LG