Достапни линкови

logo-print

Турција нема да ги промени антитерористичките закони


Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска изјави дека Турција никогаш нема да ги измени антитерористичките закони, дури тоа да значи и неуспех на договорот со ЕУ за визна либеарлизација за турските граѓани.

Анкара и ЕУ разговараат за визната либерализација уште од 2013 година и во март оваа година се договорија за укинување на визите во рамки на договорот за спречување на мигрантскиот прилив од Турција кон ЕУ. Но Брисел настојува Турција претходно да ги реформира строгите антитерористички закони.

Јилдирим истакна дека земјата нема да дозволи соработка со терористички организации во Сирија, иако ја поддржува коалицијата предводена од САД за борба против Исламска држава (ИД).

Анкара и Вашингтон подолг период имаат несогласувања поради поддршката од САД за сириските курдски милиции. Според Турција, сириските курдски сили се терористичка организација, поврзана со Курдската работничка партија (ПКК), додека САД ги сметаат за клучен партнер во борбата против ИД.

XS
SM
MD
LG