Достапни линкови

Руската црква не учествува на сеправославниот собир


митрополитот Хиларион

митрополитот Хиларион

Руската православна црква соопшти дека нема да оди на историската средба на сите православни цркви во светот, бидејќи некои други цркви исто така нема да учествуваат на собирот. Тој треба да почне на 19 јуни на грчкиот остров Крит и ќе биде прв во изминативе над илјада години. „Донесовме одлука да не бидеме дел од сеправославниот Синод доколку и други цркви го сторат тоа“, рече митрополитот Хиларион. Претходно Бугарската православна црка соопшти дека нема да оди на собирот. Хиларион изјави дека најдобро би било патријархот вартоломеј Први да го одложи собирот се додека сите цркви не се согласат да присуствуваат. Со над 100 милиони верници, Руската црква е најголема автокефална православна црква.

XS
SM
MD
LG